• петок, 05 декември 2025

 Советот на Општина Кочани почна со работа, Александар Андов избран за претседател

 Советот на Општина Кочани почна со работа, Александар Андов избран за претседател

Кочани, 12 ноември 2025 (МИА) - Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во пожарот во „Пулс“, денеска започна конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кочани. Потоа се изврши верификација на мандатите на сите 19 советници, со што почна нивниот четиригодишен мандат, а Советот официјално стартуваше со работа.

Александар Андов, член на советничката група на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО - ДПМНЕ, е избран за претседател на Општинскиот совет на Кочани. Тој доби подршка од 12 советници, а за него гласаа и двајца независни советници.

Андов, откако ја презеде должноста, најави отвореност за соработка со сите, без разлика на политчката припадност.

- Интересот на граѓаните е она што сите треба да не спои, рече новоизбраниот претседател Андов.

Конститутивната седница на Советот на Општина Кочани заврши со формирање на комисии за работа. ис/мд/

фото: МИА

Остани поврзан